Холандскиот премиер Марк Руте, за време на посетата на Киев ѝ вети на Украина поддршка за кибер безбедноста.

На прес конференција со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Руте изјави дека неговата земја може да понуди стручни совети во областа.

Во јануари, Украина беше погодена од неколку хакерски напади врз владини сајтови, за што ја обвини Русија.

Руте не коментираше за можни холандски испораки на оружје за Украина, иако претходно сигнализираше подготвеност да го направи тоа. Зеленски изјави дека Украина ѝ доставила листа со воени потреби на земјата од ЕУ. Во исто време, Зеленски изјави дека неговата земја мисли само на мир.

Како што истакна Зеленски, посетите како оваа на Руте, имаат за цел да помогнат да се стабилизира украинската економија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.