Добро заштитениот команден центар на украинската армија во Часова Јара во Донбас е уништен со прецизна ракета „Кинџал“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

Во областа Час Јар, подземниот, добро заштитен команден центар на украинските сили во Донбас беше уништен од ракетниот систем „Кинџал“.

 

Копнени проектили со висока прецизност беа употребени во областите Попасна, Новозвановка и Золота (регионот Луганск), каде што беа истрелани кон позициите на украинската армија.

 

Во таа прилика беа убиени околу 300 украински екстремисти, а уништени се повеќе од 50 оклопни возила и 25 автомобили – изјави генерал Конашенков.

Според генералот, руската борбена авијација во последното деноноќие уништила 42 воени објекти во Украина, меѓу кои: три командни центри, две радарски станици за осветлување и наведување, складишта за гориво, како и 35 позиции на украинската армија.

Во областа Новогородовка во регионот Доњецк, уништен е главниот камп на екстремистите на „Десен сектор“ (екстремистичка организација забранета во Русија), додека во областа Селидово, е уништен тактички ракетен систем „Точка У“ – информира Конашенков.

Генералот информираше и дека руските комплекси за противвоздушна одбрана собориле украинскиот ловец Су-27 во областа Днепропетровск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.