Врз основа на анализата на дејствувањето на руската армија во Украина, британското Министерство за одбрана дошлко до заклучок дека Русија има нова главна цел на бојното поле – Северодонецк. Тоа е град што се наоѓа во областа Луганск и чие освојување би било од големо стратешко значење за руските сили.

Според Министерството за одбрана на Велика Британија, тоа е еден од „непосредните тактички приоритети“, бидејќи руските војници на тој простор го распоредуваат своето моќно оружје.

Според британските информации, единствената руска оперативна компанија на тенкови „БМП-Т Терминатор“ веќе е распоредена на офанзивната линија Северен Доњецк во Донбас.

Првиот обид беше неуспешен

Руските сили веќе еднаш се обидоа да го освојат овој град, но безуспешно. Украинскиот претседател Владимир Зеленски исто така предупреди на крвави борби во оваа област, велејќи дека бомбардирањето на Северодонецк е „брутално и апсолутно бесмислено“.

Тој додаде дека источните провинции Луганск и Доњецк – познати под заедничкото име Донбас – се претвораат во „пекол“ и предупреди дека на оваа територија ќе се случи „најкрвавата последна фаза од војната“.

Зошто Русите го сакаат овој град?

Северодонецк е првенствено еден од ретките градови во регионот што се уште е во рацете на Украина. На нешто помалку од 100 километри од него се наоѓа градот Краматорск, кој е административен центар на украинскиот дел на Донбас, од 2014 година, кога сепаратистите го ставија под контрола источниот дел на тој голем слив.

Затоа, со заземањето на овој град, Русија би постигнала многу поголема цел од едноставно проширување на списокот на територии под нивна контрола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.