Група милионери, на светскиот економски форум во Давос што се одржува до 26 мај, ги повикаа владите ширум светот да ги оданочат најбогатите граѓани со цел да се справат со растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Необичните демонстранти, кои се опишуваат себеси како „милионери патриоти“, ги повикаа светските лидери кои присуствуваат на годишната конференција веднаш да воведат нови даноци за богатите, со цел да се реши скандалот со трошоците на животот што се случува во неколку нации во светот, објави британски „Гардијан“.

Добротворната организација „Оксфам“ неодамна објави дека растечката нееднаквост може да доведе до екстремна сиромаштија на уште 263 милиони луѓе оваа година.

Недозволиво е нашите политички лидери да ги слушаат оние кои имаат најмногу, а најмалку знаат за економските последици од оваа криза, а притоа многу од нив плаќаат исклучително ниски даноци – посочуваат „милионерите патриоти“.

Тие нагласуваат дека единствениот кредибилен исход од оваа конференција е да бидат оданочени најбогатите.

Оданочете ги делегатите кои присуствуваат на Давос 2022 година – велат тие.

Протестот беше организиран во моментот кога беше откриено дека во Велика Британија има рекордни 177 милијардери, со заедничко богатство од 653 милијарди фунти.

Во исто време, се предвидува дека повеќе од 250.000 домаќинства во Велика Британија следната година ќе паднат во мизерија поради растечките сметки за храна и енергија.

Според Националниот институт за економски и социјални истражувања (NIESR), тоа би го зголемило вкупниот број на екстремно сиромашни на околу 1,2 милиони, освен ако владата не им помогне на најсиромашните семејства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.