Русија не присуствуваше на сослушување во Меѓународниот суд за правда во судски спор покренат од Украина, која бара да ги запре непријателствата на нејзината територија, поради „апсурдноста“ на тужбата. Ова се наведува во денешната објава на Твитер, на руското Министерство за надворешни работи. Според британски медиуми, станува збор за прв јавен став на Министерството за тоа прашање.

Русија не присуствуваше на сослушувањето во понеделникот во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, суд на ОН за решавање спорови меѓу нации.

Украина тврдеше дека Русија погрешно се обидела да ја оправда својата инвазија со лажни тврдења, дека напаѓала во самоодбрана со цел да спречи геноцид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.