Росавијацијата, Ростуризмот и Министерството за надворешни работи на Русија организираат враќање на руските граѓани од Европа, објавија денеска во заедничко соопштение. Се известува дека распоредот на летови ќе биде составен и објавен наскоро.

Во моментов се прават списоци на Руси на кои им е потребна помош за да се вратат во својата татковина. „Ростуризам“ нагласи дека руските авиокомпании се подготвени да ги исполнат своите обврски кон патниците и да ги достават дома од Европа.

„Откако ќе се уточни колкав капацитет за превоз е потребен, ќе се состави распоред. Руските авиокомпании се подготвени да ги исполнат своите обврски кон патниците и да ги достават дома при флексибилен пристапи и конструктивни одлуки на воздухопловните власти на европските земји по ова прашање“, стои на веб-страницата на Ростуризам.

Властите ги советуваа Русите заглавени во Европа да останат во контакт со тур-операторите или превозниците. Исто така, неопходно да се инсталира апликацијата „Зарубежный Помощник“ на Министерството за надворешни работи на Русија.

На 27 февруари земјите од ЕУ целосно го блокираа својот воздушен простор за авиони од Русија. Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека забраната ќе се однесува на секој авион, вклучително и на приватните.

На забраната се приклучија и Канада, Албанија и Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.