Русија во вечерва објави дека во вторник ќе стапи на сила прекинот на огнот во неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

Руската Федерација најавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март“, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови.

Станува збор за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина, пренесено од руските новински агенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.