Романските воени претставници најавија дека државата ќе купи баталјон тенкови Абрамс од САД, со што Букурешт ќе стане трет корисник на тој тип тенкови во Европа, по Полска и Украина.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, одлуката на Букурешт се заснова на заклучоците од анализата на Министерството за одбрана за итната модернизација на оклопните единици, која е во тек од минатата година, пренесе Бета.

Во потесниот круг се најдоа Абрамс, германски Леопард 2 и јужнокорејски К2 Пантер.

Абрамс е најдоброто средство со уникатни карактеристики за извршување задачи, изјави началникот на Генералниот директорат за вооружување, генерал Теодор Инкикас.

Тој не прецизираше колку тенкови од тој модел ќе се купат и во која верзија, но се претпоставува дека ќе ги има 54, што е стандарден број оклопни возила за единица на ниво на баталјон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.