Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека селото Станица во Луганск било гранатирано со тешко оружје и ги повика другите земји да го осудат нападот.
Тој на Твитер објави дека при гранатирањето, кое е нарушување на Договорите од Минск, оштетена е цивилна инфраструктура.
Според дописникот на Индепендент во Москва, пак, соопшти дека при гранатирање од украинската војска на детска градинка во регионот на Донбас, повредени се три лица. Во инцидентот не се повредени деца.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека денеска во раните утрински часови забележала „неколку инциденти на гранатирање долж линијата на контакт во источна Украина“, објави Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извор.
Бунтовниците во регионот на Луганск ја обвинија Украина дека отворила оган најмалку пет пати во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.