Рускиот претседател Владимир Путин нареди, како одмаздничка мерка против економските санкции воведени на Москва од Западот, од утре да се воведе забрана за заеми во странска валута и трансфер на пари на руски државјани надвор од Русија, соопшти денеска Кремљ.

Путин, исто така, потпиша закон со кој им наредува на извозните компании да продаваат 80 отсто од својата девизна заработка на светскиот пазар од 1 јануари оваа година, објави Ројтерс.

Извозните компании се обврзани да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава. Ова важи и за средствата кои се веќе акумулирани – тие мора да се продадат во рок од три дена.

Девизното работење е забрането со давање девизи од резиденти во корист на нерезиденти според договори за заем.

Резидентите повеќе нема да можат да плаќаат девизи на нивните сметки отворени во банки и организации во странство, ниту да плаќаат пари без да отворат банкарска сметка користејќи електронски платежни средства достапни за странските даватели на платежни услуги.

Дополнително, јавните акционерски друштва ќе можат да ги откупат своите пласирани акции до 31 декември годинава (освен купување на пласирани акции со цел да се намали нивниот вкупен број) под одредени услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.