Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина и нивните семејства. Указот за поддршка на „Бранителите на татковината“ е објавен на официјалната веб-страница на Владата.

Мерките се „со цел да се обезбеди пристоен живот“ за војниците вклучени во офанзивата во Украина, како и за нивните партнери и деца, се наведува во декретот.

Одлуката за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници е донесена од Парламентот на 21 февруари.

Наша должност е да ги поддржиме семејствата кои ги загубија своите најблиски и да им помогнеме да ги подигнат своите деца и да им дадеме образование и работа – рече тогаш Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.