Рускиот претседател,ж Владимир Путин денеска изјави дека Западот веќе ја нарекува инфлацијата по него и додаде дека растот на цените во западните земји е резултат на нивните грешки и тоа, како што кажа, долгорочни.

Ако некој се обиде нас да ограничи на некој начин – се ограничува себеси. Тие се обидуваат, условно, да го ограничат извозот на нашето ѓубриво, а нивните цени скокнаа повеќе од нашите. Се обидуваат да ги ограничат нашите енергенси – цените повторно вртоглаво пораснаа. Таму веќе ја нарекуваат инфлацијата со моето име, а ние немаме апсолутно никаква врска со тоа, рече рускиот претседател, а пренесе „Спутник“.

Тој додаде и дека без суверени одлуки една држава не може да опстане.

Според Путин, ако една држава не е способна да носи суверени одлуки, тогаш таа е колонизирана и нејзините шанси да преживее во ваква жестока геополитичка борба практично не постојат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.