Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ во телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека очекува Украина наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Се надеваме дека Украина ќе добие статус на кандидат за влез во ЕУ, а Црна Гора како лидер во преговарачкиот процес е подготвена да ја даде потребната професионална и политичка помош“, рече Абазовиќ.

Тој потсети дека Црна Гора ја осудува агресијата на Русија и од самиот почеток отворено ја поддржува независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Според црногорската влада, Зеленски го поканил Абазовиќ да го посети Киев што е можно поскоро, што црногорскиот премиер го прифатил и рекол дека ќе им предложи на лидерите од Западен Балкан заедно да го посетат главниот град на Украина и да го поддржат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.