Претседателот на Русија, Владимир Путин, и наредил на армијата да ја продолжи офанзивата на истокот на Украина откако целосно го зазеде регионот Луганск.

Руските сили мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови. Се надевам дека во нивните сектори сè ќе се развие како што беше во Луганск – изјави Путин за време на телевизискиот разговор со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Изјавата доаѓа еден ден откако украинската армија се повлече од стратешки важниот град Лисичанск, давајќи им на Русите и проруските сепаратисти целосна контрола над регионот Луганск.

Луганск и соседниот регион Доњецк го сочинуваат регионот Донбас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.