Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ќе има последици доколку на Украина и се испорачаат ракети со долг дострел.

Тој за руските медиуми истакна дека Русија ќе гаѓа нови мети доколку Украина се снабди до ракети со долг дострел, но не ги наведе целите.

Во случај на испорака на ракети со долг дострел на Украина, Руската Федерација ќе извлече заклучоци и ќе ги гаѓа објектите кои се уште не биле цел – посочи Путин.

Претседателот на САД, Џо Бајден минатата недела одобри на Украина да и се достават ракети со долг дострел.

Поаѓаме од фактот дека ова снабдување од САД и некои други земји е поврзано со компензација за загубата на воена опрема, тука нема ништо ново и не се менува ништо суштински. А, има и барање за набавка, да кажеме, на артилерија. Очигледно, зборуваме за обнова на тоа што е изгубено, односно беше уништено за време на борбите – наведе Путин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.