Првиот брод што вчера тргна од Одеса со украинско жито за светскиот пазар е регистриран денеска во водите на Црното Море во близина на брегот на Турција, јави ДПА.

Бродот „Разони“, што плови под знамето на Сиера Леоне, вчера го напушти украинското пристаниште Одеса.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува вечерва околу 21 часот да стигне до влезот во Босфор.
Координативниот центар во Истанбул е одговорен за инспекција на пратките со жито од три украински пристаништа до светските пазари, дел од неодамнешниот договор склучен меѓу Украина и Русија заедно со ОН и Турција.

Предвидено е бродот да биде подложен на инспекција утре наутро од заеднички контролен тим.

„Разони“, натоварен со околу 26.000 тони пченка, ќе продолжи за Либан по инспекцијата во Истанбул, процес за кој властите во тие земји се надеваат дека може да се повтори за идните пратки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.