Заменик-шефот на руската администрација на регионот Херсон, Кирил Стремусов, смета дека специјалната руска воена операција во Украина треба да биде проширена.

Според неговото мислење, треба да се стават под контрола регионите Николаев, Одеса, Харков, Дњепропетровск и Запорожје, пренесува Спутник.

Стремусов изјави дека очекува да биде организиран воен суд на кој ќе им се суди на претседателот Володимир Зеленски и други високи членови на украинското раководство.

Не се сомневам дека во Киев ќе се одржи воен суд, каде ќе им се суди на воените злосторници Зеленски, Турчинов, Порошенко, кои ќе бидат екстрадирани од нивните западни партнери – смета Стремусов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.