Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, порача дека приврзаниците на Хамас треба да бидат депортирани од државата, секаде каде што што е можно, додавајќи дека властите внимателно ќе ги следат потенцијалните исламистички напаѓачи.

Ако можеме да ги депортираме поддржувачите на Хамас, мораме да го сториме тоа. Нашите безбедносни власти во моментов ставија уште посилен фокус на исламистичката сцена“, рече Фезер по разговорите со претставници на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција.

Фезер посочи на неодамнешниот напад во Брисел како показател за заканата поврзана со тензиите околу конфликтот Израел-Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.