Палестинските власти повикаа на меѓународна истрага откако во Газа беше пронајдена масовна гробница со тела во распаѓање на палестински затвореници со врзани очи и лисици на рацете.

Најмалку 30 тела се пронајдени во „црни пластични кеси“ во близина на училиштето Хамад во северниот дел на Газа, при што палестинските власти ги обвинуваат израелските војници за убивање цивили „во стил на егзекуција“.

Палестинското Министерство за надворешни работи повика на меѓународна истрага за, како што ги опиша, израелските „масакри“, барајќи „тим, да ја посети Газа за да се открие вистината и димензиите на геноцидот на кој е подложен палестинскиот народ“.

Сведоци за „Ал Џезира“ изјавија дека луѓето биле со врзани очи, мачени и убивани, по што ги ставале во вреќи.

Додека чистевме, наидовме на куп шут внатре во училишниот двор. Бевме шокирани кога дознавме дека има десетици тела под тој куп“, изјави еден од сведоците за „Ал Џезира“.

„Во моментот кога ги отворивме црните пластични кеси, ги најдовме телата, веќе распаднати. Тие беа со врзани очи, а рацете и нозете им беа врзани“, додаде тој.

Тие имаа лисици на рацете и нозете, а платнени ленти на очите.

Хамас рече дека организациите за човекови права треба да ја „документираат“ масовната гробница.

Ова одвратно и други злосторства извршени од неонацистите врз нашиот палестински народ ќе останат прогонувачко проклетство. Ќе дојде ден кога тие ќе одговараат за нивната бруталност и злосторства кои ги надминуваат најстрашните прекршувања познати на човештвото во модерната ера“, се вели во соопштението на палестинската вооружена група на Телеграм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.