Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, пристигна во Киев, каде што е планирано да учествува на одбележувањето на 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа.

Социјалдемократската политичарка е вториот највисок претставник на Германија по претседателот, а до овој момент и најважниот германски политичар што ја посетил Украина од почетокот на руската воена операција.

Бас во Киев допатува на покана на претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук.

Политичарката од СПД во име на германскиот Бундестаг ќе положи венци на гробот на незнајниот војник и на споменикот на убиените украински Евреи во Бабин Јар.

Бас и Стефанчук планираат заеднички да им оддадат почит на сите цивилни и воени жртви од Втората светска војна.

Предвидено е Бас да има средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.