Украинската армија преку Фејсбук ги повика граѓаните на Киев да возвратат на непријателот. Тие соопштија дека борби со руските сили се водат во непосредна близина на главниот град Киев, а предмалку ги предупреди жителите на населбата Оболон дека непријателот им е пред порти.

Предупредување! Непријателот е во Оболон. Ги замолуваме граѓаните да информираат за движењето на нивната опрема!
Направете Молотови коктели, неутрализирајте го окупаторот!
Мирни жители – внимавајте! Не ги напуштајте домовите!, алармираат од Генералштабот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.