Словачката министерка за култура Мартина Шимковичова најави дека Министерството ќе го намали бројот на настани и образовни проекти поврзани со активностите за промовирање на ЛГБТ плус темите.

ЛГБТИ плус организациите … повеќе нема да паразитираат со пари од Министерството за култура. Тоа секако нема да го дозволам под мое раководство, напиша Шимковичова на Фејсбук.

Таа додаде дека „ја отфрла прогресивната нормализација“ и дека нејзината основна идеја за идната работа на ресорот е „враќање во нормала“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.