Полските земјоделци денеска повторно го блокираа најфреквентниот граничен премин меѓу Германија и Полска во близина на градот Франкфурт на Одер, предизвикувајќи долги задржувања на двете страни од границата.

Во Франкфурт и Губен блокирани се граничните премини, а во самиот Франкфурт се формираат големи толпи, соопшти полицијата во Франкфурт на Одра во сојузната покраина Бранденбург.

Според најавите на демонстрантите блокадата ќе трае до среда.

Полските земјоделци со недели протестираат против политиката на ЕУ поврзана со земјоделските субвенции. Една од причините за протестот е увозот на поевтини земјоделски производи од Украина.

А од германска страна, земјоделците со недели протестираат против политиката на германската влада и укинувањето на субвенциите за гориво.

Во неколку наврати поради блокади се случија сообраќајни незгоди. Пред неколку дена земјоделците истуриле ѓубриво на пат во близина на Берлин, по што се случила сообраќајна несреќа со неколку повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.