Полска, Литванија, Летонија и Естонија сакаат да изградат одбранбена линија од 700 километри долж границите со Руската Федерација и Белорусија.
Како што пренесува „Ројтерс“, трошоците за создавање ваков одбранбен инфраструктурен систем се 2,67 милијарди долари. Веќе е испратено писмо до претседателот на Европската Унија со барање да се организира финансирање.
Според лидерите на четирите земји, проектот чија цел е „заштита на блокот од 27 земји“ со население од 450 милиони луѓе ќе бара средства од сите членки на Унијата.
Ваквите планови доаѓаат во време кога вооружените сили на Полска почнаа им нудат на своите граѓани програма „одмор со армијата“. Во овој проект може да учествуваат лица на возраст од 18 до 35 години, за што ќе добијат уплата од 6.000 злоти (малку повеќе од 1.400 евра).
Обуката ќе трае 28 дена, по што учесниците мора да положат воена заклетва. По завршувањето на програмата, регрутите можат да одат во резерва или да служат во територијалната одбрана.
Целта на проектот е да се подготви за потенцијален конфликт со Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.