Украинското жито ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“, изјави денеска полскиот заменик министер за земјоделство, Јануш Ковалски.

Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски.

Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.

Полските земјоделци протестираа против големиот прилив на украинско жито бидејќи го сметаат за закана за нивниот домашен пазар, објави „Киев Индипендент“.

Евтиното украинско жито го преплави пазарот на ЕУ од почетокот на рускиот напад, а со помош на ЕУ се избегнати царините и увозните квоти со цел украинскиот земјоделски сектор да се одржи функционален.

Ниските цени на житото беа примамливи за локалните купувачи и трговци, оставајќи ги настрана локалните производители. Несогласувањето меѓу двете земји беше решено за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на Полска на 5 април.

Разговаравме за прашања кои се однесуваат на полските и украинските фармери. Најдовме решение, рече тогаш Зеленски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.