Во својата велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi), поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги осуди нападите на Блискиот Исток, повика да се стави крај на војната во Украина, а ги спомена и настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.

Папата се обрати пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, и ја изрази својата силна загриженост поради неодамнешното интензивирање на нападите на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат дијалогот меѓу Израелците и Палестинците. И годинава една од главните пораки на папата беше за Украина кој ја повика меѓународната заедница да стави крај војната, како и на сите крвави конфликти во светот.

Утешете ги ранетите и оние кои ги загубија своите најблиски поради оваа војна и погрижете се заробениците да се вратат живи и здрави во своите семејства, рече папата Франциск.

Тој ги спомена и жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во февруари, во кој загинаа повеќе од 56.000 луѓе, а штетата се проценува на стотици милијарди евра. Пред пораката, Папата ја предводеше велигденската миса и во својот папамобил помина низ луѓето собрани на плоштадот Свети Петар, благословувајќи ги верниците во топла атмосфера.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.