Воениот комесар на руската област Хабаровск, Јуриј Лаик е сменет од функцијата откако половина од ново мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале критериумите за мобилизација, изјави регионалниот гувернер Михаил Дегтјарев.

Првата руска мобилизација по Втората светска војна, објавена од претседателот Владимир Путин на 21 септември, предизвика големо незадоволство меѓу официјалните лица и граѓаните поради начинот на кој се спроведува. Меѓу реакциите имало и поплаки дека службениците за регрутирање испраќале покани до мажи кои не ги исполнуваат критериумите.

За 10 дена, неколку илјади наши сонародници добија покани и пристигнаа во воените канцеларии. Околу половина од нив ги вративме дома бидејќи не ги исполнуваа критериумите за воена служба – изјави Дегтјарев.

Тој додаде дека смената на Лаик нема да влијае на планот за мобилизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.