Претседателот на Украина, Володимир Зеленски обвини дека киднапирањето на главниот директор на нуклеарната централа Запорожје, Игор Мурашов, е чин на терор.

Ова е уште еден пример за јасен чин на руски терор, за што терористичката држава мора да сноси се поголема казна – изјави Зеленски во видеообраќање.

Руска патрола го уапсила Мурашов во петокот, објави државната компанија задолжена за електраната, а Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Русија го потврдила случајот.

МААЕ апелира за ослободување на Мурашов, бидејќи неговото притворање претставува закана за безбедноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.