Руски сили го нападнаа Криви Рих со беспилотни летала камикази, пренесува АП. Тоа е родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нападот на јужниот украински град каде што пораснал Зеленски се случил рано утринава, изјави Валентин Резниченко, гувернер на Днепропетровск, додавајќи дека во нападот биле уништени два ката од училиштето.

Русија се повеќе користи ирански камикази беспилотни летала за да ги нападне украинските цели. Украинската војска соопшти дека во текот на ноќта соборила пет ирански беспилотни летала во јужна Украина, додавајќи дека два навлегле во нивната противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.