Скандал го тресе безбедносниот и затворскиот систем во Обединетото Кралство откако на во јавноста се појави снимка од затворска службеничка како има секс со затвореник во неговата ќелија, за време на нејзните работни обврски.
Не е познато кога е направена снимката на која се гледа како полицајката во целосна униформа има секс со затвореникот, додека неговиот цимер од ќелијата цело време за време на односот ги снима со телефон.
Ова се случуваво затворот Вандсворт, а како што објавуваат британските медиуми, жената е уапсена и полицијата го истражува случајот.
Полициска истрага е почната на 28 јуни, откако полицајците беа информирани за видеото наводно снимено во внатрешноста на ХМП Вандсворт. Една жена е уапсена под сомнение за недолично однесување на јавна функција. Истражувањата продолжуваат. Остануваме во близок контакт со Министерството за правда“, информира портпаролот нан „Скотланд Јард“.
Како што наведуваат дел од медиумите, уапсената британска полицајка имала сопруг и син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.