Пет лица загинаа кога камион ги покоси среде заледен автопат во североисточна Пенсилванија, додека се движеле пеш откако ги оставиле своите возила поради судир, соопшти денеска американската полиција.

Според патологот, станува збор за пет жени, сите од иста фамилија. Тие се превезувале со комбе кое поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и од автомобилот кој удрил во него. Тие ги оставиле хаварисаните возила и тргнале пеш да се симнат од патот, но биле покосени од камион.

Во североисточна Пенсилванија е многу студено, а метеоролошката служба предупредува на замрзнати и лизгави патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.