Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија, Кина ќе преземе решителни мерки за заштита на својот суверенитет и безбедносни интереси и ги повикува Соединетите Држави да бидат внимателни во своите изјави и постапки кога станува збор за Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван, Ванг рече дека Пекинг ја повика американската страна искрено да се придржува до принципите на една Кина, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин рече дека Кина ги повика Соединетите држави да ја задржат својата посветеност да не ја поддржуваат независноста на Тајван, да бидат внимателни во своите зборови и постапки кога е во прашање Тајван и, како што наведе, „да не испраќаат какви било погрешни сигнали на сепаратистичките сили во Тајван“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.