Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината на АстраЗенека затоа што им е поминат рокот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На половина милион дози им поминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800 илјади дози на Модерна и 90 илјади на Фајзер ќе се најдат во медицинскиот отпад. Ова е првпат Белгија да мора да се ослободи од вакцини против Ковид-19 со поминат рок, тврдат властите. Пред неколку дена, вакцини со поминат рок беа испратени во Украина.

Вкупно 1,3 милиони дози вакцини ќе бидат фрлени затоа што не биле аплицирани, додека цели континенти остануваат невакцинирани поради одбивањето на богатите земји да ги ослободат вакцините од комерцијални патенти.

Белгиските власти се обидуваат да ја релативизираат оваа одлука преку споредба со соседните земји, бидејќи Франција минатиот месец фрли над три милиони дози на АстраЗенека.

Весниокот „Ле Соар“ потсетува на француско новинарско истражување во весникот Ле Монд кое откри дека Нигерија стана главен примач на вакцини со поминат рок од цел свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.