Skip to main content

Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијалната власт

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската држава да плати компензација на жртвите на присилното одвојување на децата од мешана раса од нивните семејства под белгиската колонијална власт во Конго.

Апелацискиот суд во Брисел ја укина претходната пресуда од 2021 година, објави јавниот сервис РТБФ.

Киднапирањето деца од мешана раса во Конго, организирано од белгиската држава и извршено со помош на Католичката црква, е злосторство против човештвото, соопшти судот.

Белгиската држава мора да ги обесштети петте жени кои го покренаа случајот.

Се проценува дека околу 20.000 деца од мешана раса биле насилно одземени од нивните семејства под белгиска колонијална власт.

Тужителите, од кои пет се родени во Конго помеѓу 1946 и 1950 година од татковци Белгијци и мајки од Конго. Тие беа земени од нивните домови и насилно сместени во сиропиталишта како повеќето деца од мешана раса во тоа време.

Документите од колонијалните архиви презентирани од адвокатите на тужителите покажаа дека децата биле одземени од нивните мајки од нивните родни села со сила, закани или измами, иако не биле ниту напуштени, ниту запоставени, сираци или несакани.

Белгија ја контролираше територијата на Демократска Република Конго од 1908 до 1960 година и Бурунди и Руанда од 1922 до 1962 година. 

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom