Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, побара денеска „да се запрат нападите“ во Израел, наведувајќи дека „тероризмот и војната не водат до никакво решение“.

Со страв и тага следам што се случува во Израел. Изразувам солидарност со семејствата на жртвите. Се молам за сите оние кои живеат во ужас и вознемиреност“, рече Папата по традиционалната неделна молитва.

„Ве молам да престанете со нападите и да престанете да користите оружје…Тероризмот и војната не водат до никакво решение, туку носат само смрт и страдање на толку многу невини луѓе…Секоја војна е нов пораз“, додаде тој.

Се молиме за мир во Израел и во Палестина“, заклучи Папата, кој конкретно не ги спомна ниту Појасот Газа ниту Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.