Валери Федијакина (28), руска убавица која тргува со криптовалути, беше уапсена откако наводно извршил измама од речиси 70 милиони евра, испраќајќи ги парите за финансирање на украинските војници.

Валерија, позната и како „Крипто кралица“, првпат беше уапсена на 15 септември под сомнение дека водела „пирамидална“ измама.

Атрактивната Русинка, која ја нарекуваат и Битмама, наводно рекла дека парите ќе ги префрли во Дубаи, користејќи криптовалути за да ги заобиколи банкарските ограничувања.

Клиентите тврдат дека Валерија им кажала дека ќе добијат „бонус“ од 1 отсто од уплатената сума, пишува Дејли Стар.

Меѓутоа, во моментот кога и ги префрлиле парите, таа наводно исчезнала.Руските власти сега веруваат дека Валерија ги испратила парите на украинските сили. Валерија моментално е во притвор и треба да се појави пред судот на 15 ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.