Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод Денот на човековите права, односно денот кога беше усвоена Универзалната декларација за човекови права (УДХР), на Твитер напиша дека „човековите права им припаѓаат на сите, тие се универзални, недвоиви и меѓузависни“.

Денеска, кога одбележуваме 75 години од Универзалната декларација за човекови права, САД повторно ја истакнуваат својата длабока заложба за заштита на човековите права, и за повикување на одговорост на нејзините нарушители.

 

Живееме според принципот дека сите луѓе се родени слободни и еднакви со вродени човекови права. Тој принцип, производ на далекугледоста и понизноста на тие кои беа пред нас, беше вграден пред 75 години од Генералната собрание на ОН, кога тоа ја усвои Универзалната декларација за човекови права.

 

УДХР сега е прифатена од речиси сите земји во светот и укажува дека човековите права мора да бидат заштитени униврерзално и задава општи стандарди за слободата и достоинството на сите луѓе“, напиша Блинкен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.