Американски борбен авион Ф-16 се урнал за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија американските сили во Кореја (УСФК).

Пилотот на борбениот авион се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК.

Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува. Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28. 500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.