Во Полска, 13 од 17-те членови на медицинскиот тим што го советуваа премиерот за пандемијата на коронавирус поднесоа оставка, поради, како што наведоа, недоволното влијание на науката врз политиката, објави денеска државната агенција ПАП.
Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна, во контекст на многу ограничените мерки во есенскиот бран на коронавирус, а потоа и по појавата на варијантата омикрон, и покрај огромниот број на очекувани смртни случаи – велат членовите на Советот.
Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји, пренесува Ројтерс.
Во Полска вакцинирани се 56,4 отсто од населението, што е под просекот на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.