Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во петокот се сретна со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, во интервју за ТВ каналот „М1“ тврди дека Трамп има „прилично детални планови“ за ставање крај на војната во Украина.

Тој нема да даде ни цент за руско-украинската војна. Затоа војната ќе заврши, бидејќи е очигледно дека Украина не може да застане на свои нозе, изјавил унгарскиот премиер.

Според Орбан, САД повеќе не сакаат да ја финансираат безбедноста на Европа. Американскиот претседател Џо Бајден претходно го критикуваше Трамп за средбата со Виктор Орбан, велејќи дека унгарскиот премиер се обидува да воспостави диктатура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.