Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон денеска се извини за збунетоста што ја предизвикала со промената на фотографијата на која таа позира со децата, објавена од Кенсингтонската палата претходниот ден, а која ја емитуваа новинските агенции, а потоа ја повлекоа поради забележаните „манипулации“ на фотографијата.

Во објава на социјалните мрежи, Кејт напиша дека „како и многу фотографи аматери, таа повремено експериментира со уредување“.

 

– Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со монтажата. Сакав да се извинам за збунетоста предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имале среќен Ден на мајката – изјави Кејт Мидлтон.

 

Кенсингтонската палата се соочува со низа критики, но и огромен притисок да ја открие вистината зад повлекувањето на Кејт Мидлтон, откако беше објавена фотографија на Денот на мајката на која таа позира со нејзините три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Голем дел од јавноста тврди дека новата фотографија на Кејт Мидлтон со децата е монтирана или дека е дело на вештачката интелигенција поради бројните грешки во неа.

Внимателните набљудувачи забележале голем број нелогичности на фотографијата, пред сè, Кејт не го носи својот венчален прстен кој никогаш не го симнува, едната рака ѝ е целосно матнакосата изгледа „заматено“, а патентот на нејзиното палто е погрешно поставен. Исто така, кога фотографијата ќе се зумира, јасно се гледа дека недостасува дел од ракавот на џемперот на принцезата Шарлот, а корисниците на социјалните мрежи тврдат дека постои проблем и со аголот во кој стои здолништето, како и со петицата на десната чизма. Тука не е крајот на грешките, набљудувачите истакнуваат дека еден од прстите на принцот Луис изгледа пократок од другите и дека тој ги вкрстува прстите во чудна поза, а сомнителни се и неговите панталони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.