Група членови на Европскиот парламент отворено ги напаѓаат Унгарија и унгарската влада затоа што ги поддржувавме нашите интереси за време на преговорите за санкции. Нашиот став е јасен: сакаме мир. Вооружениот конфликт мора да се прекине, споровите да се решаваат со преговори!, напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан на неговиот „Фејсбук“ профил.

Во меѓувреме ќе ѝ помогнеме на Украина и ќе се грижиме за бегалците. Затоа, Унгарија и нејзините граѓани заслужуваат благодарност, а не навредлив тон. За доброто на Европа, го задржувам правото на Унгарија да зборува искрено со смирени аргументи против предлозите кои се против здравиот разум и се закануваат да ги осиромашат унгарските и европските семејства, вели Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.