Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека Унгарија го осудува рускиот напад врз Украина, но не ги поддржува предлозите за санкции кон Москва кои ќе вклучат забрана за увоз на руски енергенси.

Ја осудуваме руската вооружена инвазија и војната воопшто, но нема да дозволиме унгарски семејства да бидат терани да ја плаќаат цената на војната. Санкциите кон Русија не смеат да се прошират врз секторите нафта и гас – изјаи Орбан по средбата со британскиот колега Борис Џонсон во Лондон.

Орбан додаде дека ваквите санкции би претставувале „диспропорционално голем товар“ за Унгарија.

Повеќето од унгарскиот увоз на енергенси доаѓа од Русија, а околу 90 отсто од домовите во земјата се греат на гас – нагласи Орбан, додавајќи дека унгарската економија „едноставно не може да фукнкционира“ без руска нафта и гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.