Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало американскиот амбасадор Џон Саливан за да му каже дека забелешките на американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владимир Путин ги довеле билатералните врски до работ на прекинување.

Од руското МНР, ја оцениле како „неприфатлива“ реториката на Бајден, кој минатата недела го оквалификува Путин како „воен злосторник“.

И Кремљ претходно реагираше на зборовите на Бајден, оценувајќи ги како „неприфатлива и непростлива реторика“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.