Во јужниот дел на грчкиот остров Пелопонез, на копно биле пронајдени 47 мигранти, кои успеале сами да се спасат откако едрилицата со која се превезувале удрила во карпа, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека синоќа, преку европскиот број 112 за итни случаи биле информирани дека група од околу 50-60 странски државјани се наоѓа на плажа во регионот Лаконија, по што биле откриени 47 лица (15 мажи, 16 жени и 16 деца), како и безживотното тело на маж, кој починал на едрилицата додека пловеле.

Според сведоштвата на мигрантите, во изминатите денови тргнале од турското крајбрежје, а по ударот на едрилицата во карпа, сами стинале на копно.

Од спасените, четири деца и три жени биле пренесени во болница.

Крајбрежната служба утрово спровела акција со нуркачи, патролен брод и авион во случај да има исчезнати лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.