Почина 54-годишниот Виталиј Робертус, потпретседател на Лукоил, соопшти руската компанија за нафта и гас.

Со длабоко жалење објавуваме дека потпретседателот Виталиј Владимирович Робертус ненадејно почина на 54-годишна возраст“, ​​се вели во соопштението за медиумите, а пренесува руската државна новинска агенција ТАС.

Веднаш по завршувањето на студиите, Робертус почнал да работи во Лукоил како економист. „За време на повеќе од 30 години работа во Лукоил, тој ја стекна почитта од своите колеги не само во компанијата, туку и во индустријата во целина. Добитник е на државни и одделенски награди за успех во развојот на домашното гориво и енергетскиот комплекс“, соопштија од компанијата.

„Украинска правда“ пишува дека ова е веќе четврти висок менаџер на Лукоил кој починал во последните две години. Владимир Некрасов, претседател на Одборот на директори на Лукоил, почина во октомври 2023 година од срцева слабост.

Некрасов застана на чело на Лукоил откако Равил Маганов, неговиот претходник, почина при пад од прозорецот на Централната клиничка болница во Москва во август 2022 година. Александар Суботин, поранешен генерален директор на компанијата, почина во мај 2022 година, а неговото тело беше пронајдено во приватна куќа. Истрагата утврдила дека и Суботин починал од срцева слабост.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.