Францускиот претседател Емануел Макрон го напушти Самитот на Европскиот совет во Брисел порано за да се врати во Париз и да одржи итен безбедносен состанок поради немирите во земјата.

Макрон ја откажа планираната прес-конференција во Брисел и замина за Париз, јавија француските медиуми.

Во текот на ноќта демонстрантите поставија барикади, палеа и фрлаа кон полицијата, која одговори со солзавец и водени топови.

Во третата ноќ од немирите за убиството на тинејџер уапсени се над 600 лица, од кои повеќе од 300 само во Париз, соопшти МВР на Франција. Повредени се најмалку 200 полицајци



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.