Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој отслужува 19-годишна затворска казна за „екстремизам“, ги потврди информациите дека е префрлен во затвор на Арктикот, за кој рече дека е покриен со снег, и додаде дека е добро расположен и покрај исцрпувачко патување од 20 дена.

Соработниците на рускиот опозициски лидер изгубија контакт со него повеќе од две недели, а за тоа време немаше информации за тоа каде се наоѓа Навални.

Неговата портпаролка Кира Јармиш вчера изјави дека 47-годишниот критичар на Кремљ бил одведен во Казнената колонија бр. 3, лоцирана во Харпа во регионот Јамало-Ненец, на околу 60 километри северно од Арктичкиот круг и речиси 1.900 километри североисточно од Москва.

Јас сум вашиот нов Дедо Мраз, напиша шеговито Навални, објавено од неговите адвокати на социјалната мрежа Х.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.