НАТО соопшти дека во понеделник ќе испрати војници во Норвешка каде ќе се спроведе воена вежба.
Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји се очекува да учествуваат во вежбата Студената реакција 2022, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година.
Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница.
– Оваа вежба е исклучително важна за безбедноста на Норвешка и нејзините сојузници. Се очекува вежбата да заврши на 1 април, изјави норвешкиот министер за одбрана Од Роџер Еноксен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.