Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел утринава зборуваше за разорниот земјотрес што денеска ги погоди Турција и Сирија и однесе голем број човечки животи и најави помош од ЕУ.
Нашите мисли се со народот на Турција и Сирија. ЕУ е подготвена да помогне, напиша Бореl на Твитер.
Холандскиот премиер Марк Руте најави дека холандски тим за потрага и спасување ќе се приклучи во потрагата по преживеани во Турција и Сирија, јави Би-Би-Си.
Тој преку објава на Твитер му изрази сочувство на турскиот претседател Ердоган.
Размислуваме за сите жртви на оваа тешка природна катастрофа, рече Руте.
Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хекстра објасни дека холандскиот спасувачки тим вклучува полициски и воен персонал, специјалисти за прва помош и пожарникари.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека и Грција „ќе ги мобилизира своите ресурси и веднаш ќе им помогне на погодените области“, а помош ветија и лидерите на Србија и Шведска.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) претходно ја повика меѓународната заедница да помогне во напорите за пребарување и спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.